ВИДЕО: Ветераните се судрија со полицијата во Загреб

Неколку стотици хрватски ветерани коишто пристапија напомош на нивните колеги кои од синоќа протестираат на плоштадот Свети Марко во центарот на Загреб, ги пробија безбедносните бариери и се судрија со полицијата, пренесува српски „Курир“.

Полицијата се повлекла и само следи што се случува. Ѓуро Глогошки еден од предводниците на ветераните ја повика полицијата да откаже послушност и да им се придружи на демонстрантите.

Целиот плоштад во моментов е под опасада на интервентната полиција. Ветераните што од вчера протестираат синоќа по обидот на интервентната полиција да ги растера влегле во црквата Свети Марко каде преноќиле.

Тие имаат листа со барања и настојуваат да разговараат со премиерот Зоран Милановиќ.

Probijena je policijska ograda kod Kamenitih vrata

Posted by HRT Vijesti on Friday, May 29, 2015