(ВИДЕО) Ветрот и високите бранови го попречуваат спасувањето од запалениот танкер

Силни удари од ветрот, високите бранови и отровните гасови им попречуваат на десетици спасувачки бродови да ги пронајдат исчезнатите во морето морнари од запалениот нафтен танкер во Источното Кинеско Море и да го изгаснат пожарот кој гори веќе три дена.

Лошите услови со силен ветер, дожд и бранови високи три метра, ги отежнуваат напорите да се изгасне пожарот и да се пронајде преостанатиот 31 член на екипажот, се наведува во соопштието на министерство за сообраќај од вторникот додавајќи дека телото на еден морнар е пронајдено во понеделникот недалеку од танкерот. Сите 21 морнар од кинескиот брод се спасени.

Поради пожарот јужнокорејската крајбрежна стража и спасувачките екипи не можат да му се приближат на запалениот ирански танкер поблиску од 4,8 километри, соопштиле за Reuters двајца јужнокорејски функционери.

Екипажот, кој го сочинувале 30 Иранци и двајца државјани на Банлгадеш, и натаму се води како исчезнат и покрај меѓународната операција за спасување. Тринаесет разни типови пловила трагаат во операцијата за спасување на подрачје од 3.100 квадратни километри.

Кинеските власти предупредија дека постои сериозен ризик од еколошка кататрофа, бидејќи танкерот би можел да експлодира и да потоне. Се’ уште не се познати димензиите на загадувањето на околината и колку гориво истекло од танкерот кој припаѓа на иранска компанија а е регистриран во Панама, кој и натаму е во пламен.

Танкерот превезувал ултра лесен облик на нафта познат како кондензат кој е поопасен за околината од сировата нафта. Бродот „Sanchi“ превезувал 136.000 тони иранска нафта кога во саботата вечерта се судри со кинески товарен брод кој превезувал житом на 165 маутички милји од Шангај.