ВИДЕО: Викал дека ќе се разнесе во џамија, верниците го претепале

Верниците во централната џамија во Адана, Турција го нападнале човекот што почнал да вика дека ќе се разнесе.

Мехмет Киликарслан (33) доби ќотек откако во џамија за време на молитвата почнал да вика дека ќе се разнесе. Тој, како што пишуваат турските медиуми го земал микрофонот од имамот и кажал дека ќе се разнесе, по што зажалил.

Врз него во истиот миг почнале да скокаат верниците и почнале да го тепаат. Полицијата што присуствувала на молитвата го прекинала линчот така што фрлила солзавец. Џамијата по ова била евакуирана поради сомнеж дека Мехмет внесол бомба внатре.

Тој носел појас со барут и челични топчиња. Полицијата соопшти дека тој сам направил аматерска бомба и дека направата би можела да го повреди само него и оние што би се нашле во негова близина.

За среќа, не успеал да ја детонира направата, затоа што откако добил добар ќотек, полицијата го уапсила.