ВИДЕО: Викал „Хајл Хитлер“ и убивал по еврејски центри

Фрејзер Глен Крос се терети за убиство на три лица во две одвоени престрелки во еврејски центри во Канзас.

Напаѓачот пукал на пет лица, од кои тројца починале. Меѓу убиените се еден маж, една жена и еден четиринаесетгодишен тинејџер.

Објавена е снимка од апсењето на која може да се види како Крос извикува нешто што звучи како нацистички поздрав. Шефот на локалната полиција, Џон Даглас рекол дека не може да каже што точно викал осомничениот и дека е прерано да се заклучи дека убиствата се поради омраза.

„Го истражуваме случајот како злочин од омраза, го истражуваме како казнено дело, се уште ништо не сме исклучиле“, рекол Даглас.