ВИДЕО: Вистината за полицаецот кој ја отвори металната ограда на протестот

Бидејќи масата беше многу агресивна и можеше да дојдедо стампедо, од претпоставените старешини добив наредба да ги отвориме металните огради за масата слободно да може да се движи во тој простор.

Со оваа изјава полицаецот кој од страна на СОРОС и СДСМ вчера на социјалните мрежи беше прогласен за херој на денот ги поби тврдењата во пропозициските медиуми и им удри силна шлаканица на СДСМ и СОРОС.

Претходно во соросовите мегафони се ширеше веста дека полицаецот кој го обезбедуваше владиниот објект се префрлил кај толпата на граѓните, и дека веднаш потоа отказ.

Исто така, по бројните шпекулации во медиумите за постапката на полицаецот на социјалните мрежи се јави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

„Убеден сум дека твојот пример ќе го следат многумина и од полицијата и од администрацијата, затоа што голем е бројот на оние кои со чиста душа си ја сакаат Македонија и кои со своја глава размислуваат за својата иднина и иднината на нивните деца. Изброени се деновите на оваа режимската власт. Токму затоа, немаш причина да стравуваш за твојата иднина. Ти веројатно добро знаеш кои се и какви се оние од врвот на МВР, оние на кои си им служел. Без разлика дали ќе бидеш казнет, суспендиран или отпуштен од работа, биди сигурен дека твоето заслужено место повторно ќе те чека, но во полиција која ќе го брани народот, а не во полиција која се крева против народот“, напиша Заев.

zaev_za_policaecotttt