Видео: Владата со конкретни мерки ќе им помогне на сточарите

Владата на Република Македонија на својата вчерашна седница донесе одлука, на сите жаришта на вирусното заболување „син јазик“ заболување, кои во нашата земја се околу 100, но и на сите незаразени трла, да се изврши дезинсекција.
mihailcvetkov-500

-Бидејќи се работи за вирусно заболување не може да се применуваат лекарства, од тие причини Владата на својата седница донесе одлука за превземање на мерки, односно дезинсекција на трлата, односно шталите каде што живеат кравите, овците, козите. Треба да се изврши и механичко чистење на изметот, бидејќи во него се наоѓаат ларви од кои се развиваат мушички, кои пак ја пренесуваат болеста од заразеното на здравото животно. Од тие причини Владата донесе одлука, на сите жаришта на ова вирусно заболување, кои во нашата земја се околу 100, но и на сите незаразени трла, да се изврши дезинсекција. Сточарите треба да извршат механичко чистење на изметот од шталите и трлата, додека ветеринарите ќе извршат дезинсекција со специјални средства за уништување на овие ларви, изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Билансот досега е 7000 угинати грла од болеста „син јазик“, која најчесто ја пренесуваат комарците и мувите. Оваа болест е присутна и во регионот, а Бугарија веќе прогласи епидемија.

Според министерот за земјоделство најмногу се зафатени југоисточните региони на Македонија, додека во западниот дел од нашата држава оваа болест не е толку изразена. Симптомите за препознавање на оваа болест се едноставни, животното ослабува, го губи апетитот и од устата пушта лиги.

Како што изјави министерот Михаил Цветков вирусот „син јазик“ не се пренесува на луѓето, туку само ги напаѓа животните, а најголема опасност е за овците.