ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ во Градско – Здравството ни е приоритет

Здравството е еден од најголемите приоритети на македонската Влада, истакна на вечершната трибина Министерот за здравство, Никола Тодоров.

Министерот појасни дека кога пред седум години ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од граѓаните, здравството беше во лоша состојба, со високи долгови и застарена опрема. Затекнавме систем во кој немаше вложувања и кој постојано тонеше, а лековите беа екстремно скапи. Затоа, Владата одлучи да стави сериозен фокус на здравството.

Тодоров на трибината на која присуствуваа и другите министери потенцираше дека здравството е еден од приоритетите во изминатиов период и во овој дел се планирани и реализирани многу проекти.

„Во 2006 година имавме заложба за намалување на цените на лековите. За прв пат ДДВ-то се намали од 18 на 5 отсто, а цените на лековите досега три пати се намалија. Оваа мерка имаше позитивно влијание врз граѓаните и врз целиот здравствен систем“, истакна Тодоров кој додаде дека  беше спроведен проектот за набвување на најсовремена опрема во вредност од околу 100 милиони евра, како и проектот за инвестиции во инфраструктурата вреден 120 милиони евра.

Министерот за здравство потсети дека во Македонија порано имаше еден застарен апарат за магнетна резонанца, сега имаме 6 нови и современи. Досега се реконструирани и 17 здравствени установи, а во тек се и други. Вели дека од предходната власт затекнаа  стари возила за медицинска помош, а сега набавија  70 амбулантни возила за сите центри во државава, .

Тодоров пред граѓаните најави дека оваа година комплетно ќе се реконструира железничката станица во Градско, проект кој ќе го спроведе министерството за транспорт и врски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој се обрати на отворената трибина, истакна дека инвестициите, евроатлантските интеграции и реформите се во фокусот на министерството, а сите напори кои се прават се во корист на граѓаните.

Погледнете ја целата трибина. Министрите продолжија на трибина во Кавадарци.