ВИДЕО: Внатрешна пресметка меѓу хулиганите на СДСМ во Битола

Вечерва на протестот на граѓанското движење „Протестирам“ во Битола дошло до инцидент кога учесници во протестите се степале меѓусебе.

Како што ни јавуваат наши читатели од Битола, за време на протестот дошло до пресметка помеѓу членовите на партиското обезбедуање на СДСМ Битола. Неофицијално, учесници во тепачката се М. Д. В. Б и В. А..

Понатаму, како што неофицијално дознаваме, работата стасала до централата на СДСМ од каде добиле наредба да не пријавуваат во полиција за да не се рашири срамот.

Исто така, дел од битолчани веќе споделуваат статуси на социјалните мрежи во кои говорат за вечерашната пресметка помеѓу хулиганите на СДСМ во Битола.

bt-tepacka-sdsm

Се шпекулира за различни мотиви. Според едни извори, најверојатна причина за тепачката се парите кои биле делени на протестите. Според други станува збор за внатрепартиски конфликт околу влијанијата во битолскиот огранок. Според трети поради премногу алкохол дошло до несогласување бидејќи дел од лицата го оспорувале авторитетот на Заев.

За пресметката помеѓу хулиганите на СДСМ во Битола пишува и локалниот портал „Шеталиште“.

На денешниот протест пред општинската зграда се случи инцидент кога двајца од демонстрантите започнаа вербално да се расправаат, за подоцна нивната расправија да прерасне во физичка пресметка. По реакцијата на голем број од граѓаните кои протестираа и интервенција на полицијата случајот беше расчистен без никакви повреди, пишува порталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.