вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

ВИДЕО: Во автобус им го покажувал половиот орган на жените

Надзорните камери во еден автобус во Турција забележале невообичаен инцидент. Група жени го покажале својот револт кон мажот што сексуално ги вознемирувал во јавниот автобуски превоз во покраината Коџаела.

manijak-avtobus

Последни вести

Надзорните камери во еден автобус во Турција забележале невообичаен инцидент. Група жени го покажале својот револт кон мажот што сексуално ги вознемирувал во јавниот автобуски превоз во покраината Коџаела.

Мажот А.Е.А. не очекувал дека неговите жртви ќе се соочат со него откако им ги покажал гениталиите, пишува „Јутарнји.хр“.

Една згрозена жена почнала да го тепа, но кога тој не реагирал на тоа, нејзе и’ се придружиле и другите жени во автобусот и почнале да го удираат.

На следната станица мажот дословно бил избркан од ватобусот. За крај една девојка со нога дословно го клоцнала надвор. Сведоците тврдат дека жената сфатила дека тој го покажува половиот орган, па почнала да вреска и да го удира, а потоа и останатите и’ се придружиле.

Полицијата брзо стасала на местото на инцидентот затоа што возачот ја отворил вратата на автобусот кај полициската станица Басискеле. Полицијата го испрашала мажот и го притворила, а видео снимката од автобусот послужила како доказ во истрагата.

Најчитани вести