ВИДЕО: Во две акции запленето оружје во Сарај и Гостивар

Во две оддлени акции на Министерството за внатрешни работи заплени поголемо количество оружје и муниција.

Како што појаснeто на денешната пресконференција во првиот случај е приведено 34-годишно лице од Сарај сопственик на автомеханичарски сервис “ВЕБИ-КОЧ“. При претрес на неговиот дом и работилницата полицијата пронашла и запленила  една пушка “Карабин“, еден Пиштол марка “Берета“, шест  рамки за автоматска пушка, четири  рамки за пиштол, еден тромблонски додаток, шест  држачи за куршуми, 574 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка, еден светлечки куршум, 176 куршуми клибар 9мм, 190 куршуми калибар 7,62 мм за пиштол, 22 куршуми непознат калибар, еден куршум за ловна пушка и еден куршум калибар 32 мм.

Против него е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со оружје

Во вториот случај, вчера околу 2.30, во населбатa Малеарди, на влезот на Гостивар, полицајци  се обиделе да запрат патничко возило „Нисан“ со гостиварски таблици, што го управувало 28 годишно лице, а со него се превезувал уште еден жител на село Сенокос на возраст од 35 години. Возилото наместо да застане, наеднаш ја променило насоката на движење и се упатило кон Tетово. Набргу, полициските службеници го стигнале и ги лишиле од слобода двете лица во него. При направениот преглед, во багажникот, пронајдена е автоматска пушка без кундак со куршум во цевката и со рамка со 19 куршуми, додека кај двете лица пронајдени се: две рачно изработени „фантомки“, два пара гумено-платнени ракавици, метален пендрек на расклопување, јаже долго околу 2 метри и метален осигурувач со алка.

Нешто подоцна, со наредба на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар, извршен е претрес во куќата на еден од приведените, каде се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби. Против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава.