ВИДЕО: Во експлозија во Сибир загинаа 10 лица

Во експлозија на муниција во воено складиште загинале двајца војници и осумина цивили во селото Бољшај во Сибир.

Еден од загинатите бил командант на локалната воена единица, а помеѓу жртвите се и четири жени, пренесува „Глас на Русија“.

Според последните информации, во инцидентот 11 лица се здобиле со повреди.Foto: Printskrin (Jutjub)

Од местото на несреќате се извлечени четири тела, додека другите шест тела се во опасна зона.

Повече од 120 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот  со околу 60 воени и пожарникарни возила, 30 камиони со вода и 20 специјални возила и друга машинерија.

Поради експлозијата евакуирани се селата Бољшај, Тура и Кадахта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.