(ВИДЕО) Во Германија уапсен новинар на „Ал Џезира“

Во Германија уапсен новинар на „Ал Џезира“

Новинарот на „Ал Џезира“, Ахмед Мансур (52) е уапсен во Германија, врз основа на меѓународна потерница распишана од египетските правосудни власти.

Мансур е уапсен во моментите кога се подготвувал да замине од Берлин за Доха, во Катар. Задржан е во притвор, на берлинскиот аеродром, каде ќе остане до утре, кога за прв пат ќе биде изведен пред истражен судија.
Минатата година, судот во Каиро го осуди во отсуство Мансур на 15 години затвор, откако беше обвинет за повеќе кривични дела, вклучувајќи и за спроведување тортура.

Тројца други новинари на оваа арапска телевизиска компанија, во 2013 година беа осудени во Каиро, обвинети за ширење лажни вести и за кампања за подршка и пропагирање на сега забранетото Муслиманско Братство, како и на тргнатиот од власт исламистички претседател Мохамед Морси.