ВИДЕО: Во Мичиген паѓаа пари од небо, луѓето се тепаа за секој долар

Секој од нас барем еднаш си помислил дека би било навистина добро кога парите би паѓале од небо, а на жителите на Мичиген токму тоа им се случи.

Оние што престојуваа во паркот беа целосно изненадени кога одеднаш од небото почнале да паѓаат пари.

Имено, дронот што летал над нив фрлал пари, а луѓето буквално се степале за банкнотите од 100 долари. Засега не се знае кој стои зад ова добро дело.

Можеби во првиот миг луѓето не мислеле дека парите се вистински но кога им станало јасно што се случува сите тргнале во акција.

Полицијата во Мичиген смета дека ова е навистина добар гест, но посакуваат некој да им јавел на време за да биле во можност да ги спречат потенцијалните инциденти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.