ВИДЕО: Во момент на очај, Шилегов се расфрла со навреди

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарски прашања, уште еднаш ја покажа дрскоста и ароганцијата претпознатлива за опозицијата.

На новинарско прашање за тоа од каде се добиени материјалите со кои располагаат СДСМ и Заев, ако се знае дека првиот човек на опозицијата првично тврдеше дека материјалите се од домашни служби, наспроти дел од јавноста која оцени дека тие се добиени од странски разузнавачки служби, за што впрочем сведочат и видеоснимките со кои Заев децидно кажува за потеклото на материјалите, Шилегов одговори:

„Народот наш, на вакво прашање кој ти ги даде материјалите, има една поговорка, вика зини да ти кажам“.

По вчерашните снимки кои се појавија во јавноста, на кои Заев директно му признава на премиерот Груевски дека материјалите кои ги поседува се од странски служби, јавноста има легитимен интерес да знае од каде се тие снимки, но наместо тоа добива одговор „зини да ти кажам“, одговор кој секако не му доликува на политичар кој претендира да ги придобие симпатиите на народот. Кај него и кај неговата партија, се повеќе е очигледен очајот, кој бескомпромисно се обидуваат да го прикријат со само декларативното „убедување“ дека интересите на земјава се пред се’.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.