(ВИДЕО) Во паднатиот авион имало и 20 дечиња

Шпанските власти соопштија дека група од 20 германски дечиња на училишна возраст патувале со урнатиот ербас А320 на „Џерманвингс“. Спасувачките тимови се подготвуваат да се обидат да го пребараат местото каде што паднал авионот.

Според локалците во областа, работата на спасувачите ќе се одвива тешко зашто теренот е мошне непристапен во зима и во рана пролет.

„Во лето може да стигнете пеш, но во зима обично тоа не е можно“, рекол жител на село од другата страна на планината од местото на несреќата.

Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека утре ќе се обиде да го посети местото. Германскиот министер за транспорт Александер Добринд и голем број авиобезбедносни експерти веќе се упатени кон местото.

„Џерман вингс“ потврди дека во авионот биле 150 луѓе, меѓу кои 144 патници, двајца пилоти и четворица екипаж.

avion

Во 9.4 часот авионот, кој полетал од аеродромот во Барселона и бил упатен кон Дизелдорф, испратил сигнал за помош. Последните зборови на пилотот биле „Критично, критично“. Се верува дека најголем дел патници биле Германци.

Авијацискиот веб-сајт ЕрЛајв направи приказ како ербасот А320 се спуштал додека се приближувал кон француските Алпи.