ВИДЕО: Во руска црква 59 икони „заплакаа“

Сите 59 икони заплакаа во манастирот Коркинском, лоциран во Астраханската област. Монасите секојдневно собираат солзи од иконите во овој манастир на Руската православна црква сместена во Астраханската област.

Прв пат на 22 јуни минатата година „заплакала“ иконата Св Царски Маченици. Иконата била облиена во солзи а потоа сите, една по друга, започнале “да плачат”.

Можно е дека ни доаѓаат промени или сериозни искушенија, и дека Господ на овој начин ја зајакнува верата кај луѓето. Постојат и толкувања дека иконите започнуваат да плачат таму каде што луѓето веќе ја изгубиле верата во Бога, а потоа тој им испраќа вакви или слични знаци, смета монахот Митрофан.

Во овој момент во тој манастир солзи течат од вкупно 59 икони, а монасите ги собираат солзите од иконите и потоа ги испраќаат во Казањската црква. Се верува дека солзите имаат моќ да ги лекуваат верниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.