ВИДЕО: Во САД уапсен Владимир Путин

Владимир Путин, човекот со исто име и презиме како и рускиот претседател, е успасен на Флорида поради сомневање дека малтретирал вработени во супермаркет.

Црномурестиот Путин е жител на таа сојузна американска држава и нема никаква сличност со „вистинскиот Путин“.

Putin-crn

Американската ТВ мрежа Си-Би-Ес објави фотографии од уапсениот американски Владимир Путин на кои се гледа дека е од афроамериканско потекло.

Тој се појави на суд поради обвинувања дека на 21 август вербално нападнал персонал во супермаркет на Флорида и одбивал да ја напушти зградата.