Балкан

(ВИДЕО) Во сообраќаен карамбол во Белград 14 повредени, од кои тројца тешко

(ВИДЕО) Во сообраќаен карамбол во Белград 14 повредени, од кои тројца тешко

Во тешка сообраќајна несреќа којашто се случила во саботата рано утрото во српската престолнина Белград, повредени се 14 лица, од кои три потешко, изјавила за агенцијата Танјуг, портпаролката на градската служба за Итна помоп, Нада Мацура.

Несреќата се случила кога патнички автомобил удрил во автобус, кој потоа удрил во семафор, а семафорот паднал на камион. Сообраќајот на улицата Кнез Милош е повторно нормализиран по 11 часот, јавија градските влсти.

Три лица се потешко повредени во несреќата, од кои едно од патничкиот автомобил, е пренесено на Одделот за реанимација на белградскиот Ургентен центар. И второто тешко повредено лице е од автомобилот, додека третото е возачот на автобусот.

Службата за брза медицинска помош добила повик дека несреќата се случила во 5,34 часот, а на местото на настанот биле испратени пет екипи, од кои четири лекарски и една транспортна. Другите повредени биле згрижени на самото место.

Портпаролката на службата за брза помош притоа додал дека изминатата ноќ во Белград била регистрирана уште една сообраќајна несреќа во којашто автомобил удрил во автобус, но дека учесниците во овој судар одбиле лекарска интервенција. Исто така, додава дека изминатата ноќ медицинските екипи во главниот град на Србија интервенирале 111 пати, од кои 15 пати на јавно мести,м а најмногу повици имало од срцеви болни со болки во градите