(ВИДЕО) Во судирите на границата на Газа и Израел убиени осум Палестинци

Осум Палестинци се убиени а повеќе од 400 се ранети во протестите во петокот кога палестинските демонстранти се судриле со израелските војници во близина на границата меѓу Појасот Газа и Израел, една седмица по сличните протести во коишто загинаа најмалку 19 луѓе.

На 30-ти март, кога започна бранот палестински протести во кои се бара враќања на бегалците и прекин на целосната блокада на Газа, во судирите се убиени 19 Палестинци и 1.400 се ранети, што беше ден со најголем број жртви по војната од 2014 година меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас коешто ја контролира палестинската енклава.

Во петокот илјадници Палестинци повторно се собраа пред безбедносната ограда која израелската територија ја дели од палестинската енклава. Судирите избувнаа на повеќе места по должината на оградата. Демонстрантите палеле автомобилски гуми и со камења ги гаѓале израелските војници, известуваат новинарите на агенцијата AFP од местото на настаните. Војската возвратила со солзавец и боеви куршуми.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во пукањето на израелските војници се убиени пет Палестинци, меѓу кои и еден шпеснаесетгодишник. Повеќе од 1.100 Палестинци се примени во болница поради рани од куршуми и вдишување солзавец, се додава во соопштенеито.

Израелската војска објави дека покрај границата се собрале околу 20.000 Палестинци, најмногу источно од Кан Јунес и Газа. Некои учествувале во судирот и „се обидоа да ја оштетат или прескокнат безбедносната ограда додека насекаде се ширеше дал од палењето на гуми“.

Специјалниот пратеник на ОН за Блискиот исток, Никола Младенов, ги повика израелските сили на „најголема можна воздржаност“, а Палестинците да ги избегнуваат судрите, изразувајќи загриженост од новите жртви.
Протестите одржани во петокот, сепак, биле помали отколку минатонеделните, јавуваат новинарите на AFP од теренот. Очајот на жителите на Појасот Газа кои се измачени од војните, блокадата, сиромаштијата и немаштијата, ја зголемува тензијата и непријателството.