Македонија

ВИДЕО: Во знак на протест против насилството и притисоците, медиумите му спуштија камера на Заев

ВИДЕО: Во знак на протест против насилството и притисоците, медиумите му спуштија камера на Заев

Во знак на протест на насилствата врз медиумите организирани од СДСМ, поголем дел од медиумите денеска пред почетокот на прес-конференцијата му спуштија камера на лидерот на СДСМ.

Новинарот Љупчо Златев од телевизија Сител во името на сите новинари што биле нападнати и исвиркани на Заев му го предаде Уставот на Република Македонија.

Ваквиот чекор на новинарите и камерманите доаѓа откако изминатиов период низа новинари и камермани се мета на напади од страна на опозицијата или луѓе блиски до неа.

Во текот на вчерашниот ден беа нападнати главниот и одговерен уредник на Вечер, и заменик-главен уредник на телевизија Сител, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието.