Видео: Војна на улиците во Бар: Со снајпер убиен водачот на кланот Османагиќ

Денеска околу 13:15 часот пред кафулето Савоја во центарот на Бар во Црна Гора убиен е со снајпер Армин Муша Османагиќ, водачот на еден од криминалните кланови во овој град.

Пукање и полициски сирени одекнуваат по улиците на Бар. Полицијата е недалеку од местото каде е убиен Османагиќ, а возилото од кое е пукано е пронајдено недалеку од местото на злосторството.

Во тек е серизно мафијашко расчистување на сметките. Пред кафулето во моментов се одвива увид.

musa2-500

Се започнало за ранување на Армин околу 13:15 часот пред кафулето Савоја во центарот на Бар. Како што јавуваат црногорските медиуми, во него е пукано со снајпер. Тој е погоден во стомакот. Ранет е и келнерот од кафулето, веројатно тој е колатерална грешка.

musa3-500

Османагиќ во полициските документи е означен како водач на криминален клан во Бар.

Тој и неговата сопруга Лилјана Биговиќ Османагиќ се осомничени за перење пари стекнати преку илегално четиригодишно организирање на игри на среќа.

musa5-500

Меѓутоа, Врховниот суд во Подргорица одлучи во ноември минатата година да не им одредува мерка притвор.

musa6-500

Полицијата се сомнева дека членови на неговата група парите заработени преку нелегални активности ги перат преку купување на недвижнини, како и во вложување во легални ресторани, казина, коцкарници.