ВИДЕО: Војната со „Исламска држава“ може да трае 30 години

Борбите против џихадистите од радикалната група „Исламска држава“ (ИД), ќе биде многу тешка можно е да трае 30 години, поради одлуките на Барак Обама.

Ова го изјавил поранешниот шеф на Пентагон Леон Панета, во интервју за „Ју-Ес-Еј Тудеј“, пренесува Нетпрес.

– Сметам дека зборувам за тип на војна, која може да трае цели 30 години, и да создаде закани за Либија, Нигерија, Сомалија и Јемен, рекол бившиот американски министер за одбрана, чија мандат беше од 2011 до 2013 година.

Панета, кој беше и на чело на ЦИА, а работел и во администрацијата на Обама, остро ги критикувал одлуките на американскиот претседател во изминативе три години.Тој го споменал и неуспехот на Обама, да ги натера ирачките власти во земјата да остават мал контингент американски војници, што според него создало вакуум во безбедноста.

Панета, исто така, го критикувал и тоа што Обама не го послушал неговиот совет, кој му го дал заедно со Хилари Клинтон во 2012 година, да почне да ги вооружува сириските бунтовници во борбата против режимот на Башар Асад.