ВИДЕО: Војската на САД стационира свои трупи во Полска

Aмериканската војска е многу активна, но не во САД туку во земјите на источна Европа.

Во изминативе неколку дена низ патиштата во источна Европа можеле да се забележат колони на тенкови и борбени американски возила.

САД на чело на НАТО започна да ги стационира своите трупи низ Европа, а една од земјите кои ја имаат таа “чест“ е Полска.

Имено, Полска години наназад има лоши односи со својот сосед Русија.

Оправдувањето за ваквите активности на САД е дека обезбедуваат сигурност и мир поради војната во Украина, која ја загрозува безбедноста во регионот.

За таквите акции на американската војска сведочат видеата кои можат да се најдат на интернет.

Погледнете: