(ВИДЕО) Вооружен упад во просториите на турската владејачката партија

Две вооружени лица денеска влегле во канцелариите на владејачката Партија на правдата и развојот во предградието на Истанбул.

Упадот се случува еден ден откако заврши заложничката драма во Истанбулскиот суд при која загина обвинителот Мехмет Селим Кираз. Тој почина од повредите, откако припадници на забрането Левичарско движење го застрелаа три пати.

Вооружени мажи влегле во зградата и ги искршиле прозорците на седмиот кат.  Полицијата набргу ги привела, а причината за нападот засега е непозната.

Еден од напаѓачите е излегол од прозорот и држел говор од канцеларијата пред луѓето кои се собрале пред зградата.