Магазин

ВИДЕО: Воз со брзина од над 300 милји на час во Јапонија

ВИДЕО: Воз со брзина од над 300 милји на час во Јапонија

Најбрзиот воз во САД патува помеѓу Вашингтон и Бостон со брзина од 150 милји на час. Возовите се многу побрзи секаде низ светот, особено во Европа и Азија. Еден од најбрзите комерцијални возоци е и Шангај Маглев возот кој достигнува брзина од 268 милји на час.

Јапонија се обидува да ја надмне Кина со нов воз кој ќе достигне брзина од 310 милји на час. Патниците оваа недела ќе имаат можност да се прошетаат со новиот воз.

Оваа недела за прв пат ќе биде тестирана првата секција на подолга рута, која е предвидено да биде завшена во 2027 година.

Кога оваа рута ќе биде комплетирана во 2027 година, времетраењето на патувањето од Токио до Нагоја двојно ќе се намали. Сега се стигнува за 80 минути, а тогаш патувањето ќе трае 40 минути.

Дали ваквата технологија може да дојде во САД? Во 2010 година „Амтрак“ објави предлог кој ќе им овозможи на возовите од Вашингтон до Њујорк да стасаат за 94 минути, а од Њујорк до Бостон за само 84 минути. Но, градењето на системот би чинел 117 милијарди американски долари, а проектот се очекува да биде готов најрано во 2040 година.