Свет

Возачот уапсен, непознати мотивите за нападот (Видео) Возач на комби усмрти најмалку деветмина во Торонто

(Видео) Возач на комби усмрти најмалку деветмина во Торонто

Најмалку девет лица загинаа, а 16  се повредени откако возач на комби се качил на тратоарот и удрил во група пешаци во Торонто, Канада, по што избегал од местото. Полицијата наводно го уапсила осомнилениот возач, но нема детали за неговиот идентитет, ниту па за мотивите за нападот. На социјалните мрежи има видео од апсење на лице за кое се претпоставува дека е возачот на комбито.

Според првичните информации на локалните медиуми, повредени се меѓу 8 до 10 лица, но не е познат степенот на нивните повреди,иако најмалку четирворица не покажувале знаци на живот.

Инцидентот се случи во 13 часот по локално време во близина на раскрсницата меќу улицата Јонг и авенијата Финч, каде што има голем број на вооружени полицајци, а од полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област.

Операторот со метрото го прекинала сообраќајот во тој дел од градот, а натаму не се движат ниту автобуси.

Полицијата информирала и дека имало престрелка во делот на Торонто познат како Дандас и Честнат, но не е познато дали овие два инцидента се поврзани.