ВИДЕО: Вработените од Трансмет протестираа и пред СЈО

Сашо Делиланов, инжењер во Трансмет истакна дека од изречената мерка притвор за Сеад Кочан најмногу засегнати се неговите вработени од кои 90% егзистираат само од платата која што ја добиваат и нивната егзистенција е загрозена.

-Доколку задоцни  платата од една до 2 недели луѓето ќе нема со што да се прехрануваат, рече Делиланов. Според него околу 8000 семејства ќе останат без примања.

Sequence 02.00_01_49_09.Still005

Sequence 02.00_02_16_23.Still008

Sequence 02.00_02_28_05.Still009

Во врска со случајот на СЈО „Труст“ , Делиланов вели дека јасно е како се добиваат тендерите, како се аплицира, а за се останато одлучува комисија која е поставена за тоа.

Според него важно е тендерот да е изработен квалитетно и во определениот рок. Ако нешто било направено нелегално комисијата требало да реагира навремено.

Sequence 02.00_03_12_11.Still012

Sequence 02.00_02_38_16.Still010