ВИДЕО: Вредни артефакти пронајдени во три сефа во Охрид

 

Охридската полиција, вчера пронајде три сефа во  домот на сопругата на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за кривично дело – кражба. Сефовите биле отворени под сомнение дека во нив се наоѓаат предмети кои можеби потекнуваат од кривични дела.

 

Во еден од сефовите пронајдени се осум метални предмети од историско значење, кои преставуваат делови од народна носија и тоа едно метално ланче со 58 метални привезоци во вид на парички, едно метално ланче со 12 синџирчиња и еден метален брош, еден женски везан колан за носија со 49 монети со различна големина, еден метален машки колан, четири метални предмети со украсни гравури и четири метални делови на кои на два има четири броша.

 

Исто така, при претресот во поткровјето на куќата, пронајдени се 12 дрвени предмети во форма на секири, боздоган и еден меч, како и една икона.

По извршениот претрес, одземени се повеќе предмети, меѓу нив –  предмет со метална облога во вид на боздоган со должина од 53 сантиметри, еден метален предмет во вид на меч со должина од 104 сантиметри, еден метален предмет во вид на секира со заштитен долен дел со должина од 70 сантиметри, предмет со метална и платнена облога во форма на боздоган со должина од 55 сантиметри, предмет со метална и дрвена подлога во вид на секира со зашилен горен дел со должина од 75 сантиметрим…

 

За случајотОдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во однос на пронајдените премети ќе доставен посебен извештај до Основно Јавно обвинителство Скопје.