Македонија

ВИДЕО: Врела шлаканица за Шекеринска од радио-телевизија Војводина

ВИДЕО: Врела шлаканица за Шекеринска од радио-телевизија Војводина

Медиуми од регионот кои известуваа за денешниот протест на СДСМ велат дека пред македонската Влада беа собрани 10.000 луѓе.

Ваквите извештаи направени на лице место се голем “шамар“ за тврдењата на првите луѓе од Бихаќка.

Протестот кој Заев го најавуваше како масовен и на кој очекуваше да се појават 100.000 луѓе многумина го опишаа со дефиницијата „премногу врева за ништо“.

Но, соочена со неуспехот, неговата заменичка Радмила Шекеринска се уште тврди дека денес поддршка на СДСМ дале 100.000 граѓани.

Репортерката на Радио телевизија Војводина во својот извештај од Скопје јави дека нема повеќе од 10.000 луѓе кои излегоа на антивладиниот протест.

vojvodineee

Со тоа, овој медиум дефинитивно и “удри“ шамар на заменик претседателката на СДСМ, дека денешниот собир организиран од СДСМ воопшто не беше масовен, јавуваат и голем број на други медиуми од регионот.

radafacebookk

Реално, протестот на Заев и Шекеринска денес го поддржаа околу 18.000-19.000 симпатизери на опозицијата.

Општа констатација на македонските и странските медиуми е дека најавите за посетеност беа повеќе од нереални.