ВИДЕО: Всадување на делови на телото по желба и мерка

Во болница во Велика Британија се врши всадување на носеви, солзни канали и крвни садови- вистински делови од телото по мерка, користејќи матични клетки.

Неколку пациенти веќе добиле органи направени по мерка – дишни патишта, солзни канали и крвни садови, но истражувачите се надеваат дека наскоро ќе можат да ги прават сите делови од телото.

Засега некои пациенти добиле „одгледани“ носеви, а професорот Сефалиан кој е и водач на овој необичен проект, има во план да направи различни големини носеви, за да би можеле хирурзите да бираат и да ги прилагодуваат во текот на самата операција.

Се надеваат дека еден ден ќе можат да го заменат кој било дел од телото, што отвора различни полемики од етичка страна. Дали постои можност за злоупотреба и каква? Што мислите вие?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.