Македонија

(ВИДЕО) Вучиќ погоден со камен в лице во Поточари

(ВИДЕО) Вучиќ погоден со камен в лице во Поточари
Вучиќ погоден со камен в лице во Поточари

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ и неговата делегација се нападнати со камења и други предмети при посетата на Меморијаниот комплекс во Поточари, јавуваат српските медиуми.

Делегацијата на чело со Вучиќ ја напуштиле Сребреница.

vucic1

Премиерот е погоден со камен во лице, при што му се скршиле очилата. Поединци од масата го нападнале и обезбедувањето на српската делегација во обид да дојдат до Вучиќ, при што дошло до физичка пресметка со членовите на обезбедувањето.

По официјлниот дел на комеморативниот собир, во момент додека претставниците на делегацијата положувале цвеќе не спомен обележјето, повеќе луѓе почнале да фрлаат со камења, притоа викајќи „Алах егбер“ ( Бог е голем) и „Умри четнику“.

vucic2

Полицијата интервенирала, а српската делегација е евакуирана.


Фото: „Б 92“