ВИДЕО: За медиумскиот пиун на СДСМ, Ацо Кабранов, народот во Македонија е прост!

Ацо Кабранов, еден од медиумските пиуни на опозициската СДСМ, длабоко го навреди народот во Македонија во своето гостувањето на проопозицискиот портал ТВ НОВА, нарекувајќи го прост.

„И со цело лутење јас мислам дека има голем дел од народот што е прост, еве нека ми замерат, јас не сум популист, кажувам што мислам“, рече Кабранов во дебатата со Ивица Боцевски.

Инаку, ова е веќе втор пат сдсмовскиот медиумски пиун, кој е главен уредник и заедно со Љубомир Фрчковски партнерски сопственик на порталот „Либертас“, јавно да изрекува тешки навреди кон народот во Македонија. Пред само неколку дена во текст објавен во британскиот „Економист“, беше наведено дека Кабранов ги нарекува мнозинството граѓани кои го поддржуваат Ѓорге Иванов „unwashed masses“, што во буквален превод значи „неизбањата маса“.

Опозицискиот новинар, кој пред само неколку дена невешто се правдаше за она што „Економист“ го напиша, велејќи дека изјавата наводно била „измислена“, овој пат останува да видиме со што ќе се правда, бидејќи ова видео јасно покажува што мисли медиумската перјаница на СДСМ за македонскиот народ.