ВИДЕО: За само две минути направете сами висока пунџа

Заштедете пари за фризер и самите направете ја оваа ефектна фризура за новогодишната ноќ.

Без разлика дали планирате да останете дома за дочекот на Нова година или да одите на некоја луда журка сите се трудиме таа вечер да изгледаме што е можно подобро. За да направите свечена фризура (како задолжителен дел од новогодишниот стајлинг) неморате да давате премногу пари за фризер. Ако имате долга коса или пак коса со средна должина можете самите да направите висока пунџа и тоа за само две минути.

Освен што ќе изгледате посебно, визуелно ќе додадете должина, па така оваа фризура е идеална за пониските дами.

  1. Почнете така што косата ќе ја врзете во високо коњско опавче, а потоа врз него нанесете спреј за коса.
  2. На опавчето ставете уште еден стегач на неколку сантиметри под првиот стегач и разделете ја косата со прстите.
  3. За косата да ви изгледа пополно немојте премногу да ја затегате и обрнете внимание да не ви паднат прамени.
  4. Делот од опавчето што сте го протнале поделете го на половина, обвиткајте го околу стегачот и прицврстете го со шноли. На крајот со раце обликувајте ја косата помеѓу двата стегачи и зацврстете ја со спреј.

За подетлано упатство погледнете го видеото: