ВИДЕО: Заев бара мито од 200.000 евра!

Заев е фатен жив на дело како бара пари за мито. На видео снимката која се појави на Јутјуб каналот кристално јасно се гледа и слуша дека Зоран Заев бара мито од 200 000 евра!!!

Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат Вице Заев.

Она што е дополнително скандалозно е тоа дека Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.

Ова е тежок скандал и ова го покажува по кој знае кој пат вистинското лице на Зоран Заев кој е влезен до гуша во корупција.

Струмичкиот градоначалник во ова видео јасно ја открива неговата шема за земање мито која е едноставна – Една третина од секоја зделка оди директно во неговиот џеб.

Зоран Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски за направен криминал од 8 милиони евра.

После овој мега скандал Заев дефинитивно заминува во политичка пензија и покрај тоа логично е да одговара пред законот.