(ВИДЕО) Заев им се додворува на грчките националисти оти со смената на македонскиот Устав се гарантираат грчките интереси

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката национална телевизија ЕRТ вели дека во текот на преговарањето се трудел да допре до грчките националисти и да ги удоволи нивните барања и потреби.

Македонскиот премиер признава, имено, дека прифатил формулација „ерга омнес“ со цел да допре до националистите Каменос и Мицотакис.

„Сакам да допрам и до господинот Каменос и до господинот Мицотакис. Моментот кога беше најтежок за мене во преговорите и да го прифатам објаснувањето зошто мора да биде за севкупна употреба вклучително и дома или erga omnes со уставни промени дома. Одговорот од грчката страна од премиерот Ципрас, од министерот Коѕијас беше дека, ако не се затвори вака прашањето целосно во иднина пак ќе предизвикува проблеми“, рече Заев.

Додаде дека членот 7 точка 2 и точка 3 од договорот „многу убаво“ ги разграничуваат хеленистичкиот дел на Македонија од „нашиот дел“.

„Изразуваме целосна почит до грчкото наследство, да оние што се чувствуваат грчки Македонци, ние немаме проблем со таа работа, ние тоа го почитуваме и сакаме на основ на тоа да градиме пријателство, со меѓусебното разграничување на вакви идентитетски прашања, оти идентитетот е чувство, тоа со договор не може да се прецизира или да се договори. Прифаќајќи го делот на erga omnes верувам дека дури и идентитетските прашања кои што се отворени на дебата се заштитени во грчка страна. Сакам да допрам до нив да ги повикам, да го гледаат од тој начин тоа прашање“, рече Заев.

Според него, не подоцна од пролета 2019 година или најдоцна до средината на 2019-та, „грчкиот народ ќе види само придобивки, само позитивни работи од овој договор, исто така и македонскиот народ на нашиот дел од Македонија, не на хеленистичкиот дел на Македонија, ќе види придобивки и само добри работи“.

Имено, Заев во текот на целото интервју постојано настојуваше на тоа дека истиот внимава и внимавал во текот на преговарањето на интересите на Грција и сакал да ги задоволи условите на грчките националисти Каменос и Мицотакис.

„Знам дека секој договор носи прогрес, носи перспективи и од тоа име јас ја испраќам пораката до сите граѓани на Грција, гледајте во нас пријатели, ние сме вашиот северен сосед, имаме јасно разграничени идентитетски прашања, ние го менуваме и нашиот Устав заради тоа што веруваме во тоа пријателство“, заклучува Заев.

Рече дека е убеден оти овој договор ќе донесе „благодет и благосостојба“ на граѓаните во двете земји.

„Со ратификацијата на договорот во Грција тогаш е ратификувано од двете страни и тогаш стапува на сила. Тоа значи дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија со Грција, со Бугарија, со сите наши соседи, со сите земји во светот, со сите меѓународни организации“, продолжи натаму Заев .

Заев во интервјуто за грчката национална телевизија вели дека со уставните промени, и кога Македонија ќе ги отвора поглавјата во ЕУ новото име ќе почне да го употребува како дома, така и надвор.

„Секое поглавје допира до сите институции и употребата пополека ќе навлегува дома, со тоа на еден начин и Грција ќе ни помогне побрзо да одиме со поглавјата, а и побрзо да дома да биде употребата со полноправното членство во ЕУ ние очекуваме да биде не подоцна од 2025 година комплетно и за дома и целосно за надвор ќе биде Република Северна Македонија“, кажа Заев.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.