ТОП,Македонија

Ракување во Обединетите нации со претседателот на САД ВИДЕО: Заев излажа дека имал средба со Доналд Трамп?!

ВИДЕО: Заев излажа дека имал средба со Доналд Трамп?!

Видео запис беше објавен на социјалната мрежа Твитер, а на кој се гледа дека премиерот на Македонија, Зоран Заев, само се ракувал со претседателот на САД, Доналд Трамп.

На видео снимката се гледа како министерот за надворешни работи Никола Димитров, се мести со својот мобилен телефон да го фотографира Заев, додека овој чека Трамп да мине покрај него и да се обиде да се ракуваат.

Во момент кога претседателот на САД му се приближува Заев пружа рака и тие се ракуваат, а Димитров подготвен го овековечува моментот, но сепак фотографијата излегува малку матна.

Фотогорафијата потоа се користи за манипулирање на јавноста во Македонија, дека наводоно се случила средба меѓу Заев и Трамп.

Дури беше и лиферуванa официјална информација на интернет страницата на Владата на Македонија, во која е наведено дека „На средбата со претседателот Трамп изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларацијата да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“.

 

https://twitter.com/C4i7Z/status/910056942516793344