Видео: Заев, нов толкувач на Библијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во текот на вчерашната трибина во Крива Паланка пред граѓаните изнесе една библиска изрека која никој досега на ја слушнал.

-И уште една има. Вели вака, библиска е, јас сум верник, Да се родиш Македонец е благослов, да живееш во Македонија е искушение и предизвик, но да се бориш за слобода и демократија во Македонија е света работа. И нашиот народ се борел во минатото и пак ќе се бори, изјави Зоран Заев.

Бидејќи оваа мисла не е составен дел од Библијата, очигледно е дека или Зоран Заев направи нов гаф или не ја прочитал Библијата, па си ја препејува на свој начин.