Видео: Заев: Политика учев од Бранко Црвенковски

Првиот човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, синоќа гостуваше во емисијата „Вин Вин“ на Оливера Трајковска, која се емитува на 24 Вести.

Заев во интервјуто вели дека политика учел од Бранко Црвенковски, како еден од неговите најблиски соработници.

-Политика учев од Бранко Црвенковски, јас бев еден од неговите први соработници, сиве овие години, јас бев и ВД претседател на партијата. Но тоа што е школо го научивте, но тоа што е карактерна особина е карактерна особина и се водите согласно неа, вели Заев.