ВИДЕО: Заев повторно самиот се закопа

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев по којзнае кој пат повторно самиот се закопа.

Од снимките кои денеска протекоа на Јутјуб, јасно се гледа како Заев директно му признава на премиерот Никола Груевски дека дури и анкетите кои се правеле по нарачка на самиот Заев, покажувале предност за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за 7-8 отсто или изразено во гласови, над 150.000.

ГРУЕВСКИ: Чекај Зоран, ти правеше ли анкети пред избори?

ЗАЕВ: Правев

ГРУЕВСКИ: Што кажуваа, ајде искрено

ЗАЕВ: Дека водите

ГРУЕВСКИ: Колку водиме?

ЗАЕВ: 7 отсто, 8 отсто

ГРУЕВСКИ: Веруваш ти во тие анкети? Што ти си ги порачал?

ЗАЕВ: Па да

ГРУЕВСКИ: Како да ти кажам, дека атмосферата беше таква дека… победуваме ние, како да ти кажам.

ЗАЕВ: ОК…

Оваа јасна потврда и шокантно признане на Заев недвосмислено покажува дека лидерот на опозицијата џабе обвинува и се обидува да ги манипулира граѓаните, бидејќи според негово лично признание тој бил свесен дека ги губи изборите. Заев самиот признава дека анкетите кои ги правеле покажуваат предност на Груевски од 7-8 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.