ВИДЕО: Заев прецизно дава насоки – едно евро по квадрат ќе дадеш кај Вицето

На видео снимката која вчера се појави на видео сервисот Јутјуб, лидерот на СДСМ Зоран Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат Вице Заев, пишува порталот „Курир“.

Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.

„Курир“ потсетува дека Зоран Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски за направен криминал од 8 милиони евра.

Она што е фрапантно е тоа што Заев во видео снимката признава дека тоа е редовен начин на работа и преку поктуп се решавале и други зделки и случаи во минатото.

Утринава беше побарана вонредна седница на советот во општина Струмица и досега Заев не даде прецизен одговор за нејзино одржување.

СОГОВОРНИК: Гледа го…ти викаш на првата седница ќе това биде и јас фанах со мерак шо викат почнах да…

ЗАЕВ: Се согласувам само нема согласност ни од Сашо. Од таа работа ние планове мож да тераме колку сакаме у иднина, со сите постапки, кој шо Сашо ќе ги уфрле унатре и това не ни носе за право да кажеме дека ќе чекаме ние уште 3 месеца уште 2, уше 7, докоа заврше тај план, за да оттогаш по новио план отпочне постапка за купување на земјиштето. Дај тај план шо да купме земјиште, ако се смени планот това е друга работа… Не да това е друга работа…

СОГОВОРНИК:По твое шо цени јас ќе имам…

ЗАЕВ: За земјиштето ли?

СОГОВОРНИК:Оти таму ми кажуваат по 70 динара.

ЗАЕВ:Значи таму има цени 438 динара има цени 71 динарИ како ќе одличам јас така ќе е…Колку пати да кажамкак да го нацртам/ Шо, страа Сашо што трансформира земјиштето беше…

СОГОВОРНИК: Таму заврши ли веќе?

ЗАЕВ:Заврши го, пред нова година го заврши

СОГОВОРНИК: Ааа тога ли? Сашо Ваа…нто и уше един кој беше.

ЗАЕВ: Паа јас го заврши све земјиштето на краварнико го заврши земјиштето завршено од поодамна земјиштето по поскапа цена това шо му е до тебе дек шо лепа. И заврши уште едно земјиште…не беше проблем.

СОГОВОРНИК:Градба?

ЗАЕВ: Не е не е градба.

СОГОВОРНИК: Жито Струмица?

ЗАЕВ: Не тоа беше некое помаленко, аа таму одзад зад Мирчо свињарнико. А там.Там.Тие двете он си ги заврши. Градба, Жито-Струмица не му е завршено, сите работи и кај него ставивме бројчиња, ама со него функционира, со Сашо функционира това што договорииме, комплетно си оди как шо треба, как шо се договоориме. Со ова,… Не оде незнам што да кажам.

СОГОВОРНИК:Таму тие две парцели се негде по това ја шо го знам по негде 66-67000 метри квадратни.

ЗАЕВ: ДОбро

СОГОВОРНИК: Само конзервната

ЗАЕВ:Значи сакам исто така да знаеш, значи кога говорам за сериозни работи јас не сум пљунал никаде дек шо сам дадел збор. Значи никаде не сум пљунал. Така да ка завршеме работата, однапред мислам шо да преземам.

СОГОВОРНИК: Они како ја завршија работата? Сеа сакам, ме интересира оти кажах ти на секое евро 100.000

ЗАЕВ: Зато ти кажувам како. Едно евро на црквата и едно евро од квадрат ми донесе…

СОГОВОРНИК:На?

ЗАЕВ: На мене-директно.

СОГОВОРНИК: Добро това ама јас тога го спомнах да не само јас плаќам, за тоа те питам другите как завршија. Дали Сашо, Ваанто, тие шо…

ЗАЕВ: Комплетно не смеам многу да говорам, комплетно како што кажааме така. КОМПЛЕТНО. Компелтно заради това што калкулацијата е една. Шо беше сега е друга и апсолутно јасно

СОГОВОРНИК: Да си спремам јас утре колку можам пари да платам. Тое сеа пак ќе си питам 70 динара е како метар квадратен за државата. Од тие пари вие дел имате колку…

ЗАЕВ: 80 % на општината 20% на државата

СОГОВОРНИК: А другото тие се плус две евра так што ги кажа?

ЗАЕВ: Така е…това едното дирекно на црквата ќе си платиш.  Сакаш така сакаш у готово…

СОГОВОРНИК:Едното евро там, а другото как ќе го уплатам? И то треба да знам.

ЗАЕВ: Кај…Вицето,..на пример.

СОГОВОРНИК:Добро

ЗАЕВ: Во готово се знае, менувачницата…

СОГОВОРНИК: Не не е дека да знам, нели имало пред мене как са вршиле, как е теркот.

ЗАЕВДа да… Така директно