ВИДЕО: Заев призна дека вработените ги држи на минималец додека живее во луксуз 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев призна дека на своите вработени во фирмите од кланот Заеви им дава минимална плата додека тој живее во луксуз. Во гостувањето на телевизија 24 Вести Заев вели дека ниту еден приватен сопственик не може да ја зголеми платата бидејќи ќе пропадне.

Затоа што државата мора да интервенира тука, не може секој приватен сопственик да го подигне тоа ниту Заеви, ниту било кој сам оти ќе пропадне. Точно е има и 9.800 и 10.200 плата, истакна Заев во гостувањето во телевизија 24 Вести.

Додека вработените кај Заев го чекаат месечниот минималец на сметка, тој живее во луксуз за кој смета дека е средна класа. Имено, капиталот на неговото семејство, како што вели самиот тој, е проценет на 6-7 милиони евра. Дополнително во изминативе 10 години фирмите од кланот Заеви оствариле приходи од над 200 милиони евра.

За својот капитал Заев претходно изјави дека е создаден за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека во Македонија немало деловна бизнис клима за водење што го отвори прашањето како фирмите на Заеви заработиле толку многу ако деловниот амбиент во Македонија е лош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.