ВИДЕО: Заев самиот себе си се побива, се негира и контрадикторно лаже

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, речиси секојдневно е фатен во нови лаги. Она што состојбата ја прави уникатна е тоа што овој политичар самиот себе си се побива, самиот се негира и контрадикторно лаже, пишува порталот „Курир“.

Во своето последно интервју за емисијата „Под Лупа“ на ТВМ телевизија, Заев неможеше да се одлучи како да се опише себеси пред граѓаните. Прво се претстави како богаташ и се фалеше дека живее подобро од поголемиот дел од народот.

-Јас доаѓам од богато семејство. Јас сум прилично, заради моето семејство и работата на моето семејство, обезбеден. Две години имам мандат уште градоначалнички пред мене, се што имам, имам во оваа Македонија. Заев потекнува од прилично добро ситуирано семејство над просекот во Македонија, рече Заев.

Неколку минути потоа се поколеба, па себеси се опиша како селанец кој работел на ниви.

-Јас сум човек од село Муртино, струмичко. Пред некои 20 години работев по полето, најверојатно Господ не ме црпна таму од нивите и ме донесе овде за така низ вода да ме пушти, рече Заев.

Но, ова е само една од низата изречени лаги на Зоран Заев од изминативе месеци.

Прво Заев лажеше дека не го познава Верушевски, па призна дека не само што се познаваат, туку имале и многу блиска соработка. Молчеше за писмото кое тој му го испратил на екс-разузнавачот, па ја призна целата содржина и ја прогласи за веродостојна. Згора на се, откако премолчи дека се познаваат, призна дека одржале и неколку средби. Јавноста ја излажа и дека немал средба со Груевски, па се виде дека лидерите на најголемите партии имале неколку средби.

Заев излажа и дека преку странски служби договарал работна виза за Верушевски, а дека нешто не е во ред потврдија и неговите понатамошни признанија. Иако Заев сакаше да го претстави својот соработник Верушевски како патриот, тој призна дека овој човек морал итно да ја напушти државата. За сите е јасно дека човек кој не го прекршил законот нема потреба да бега. Заев лажеше и дека не ги познава останатите обвинети во „Пуч“ иако претходно ги опиша како патриоти. Дека тие се познавале докажаа и преписките меѓу другите осомничени и Верушевски преку чија комуникација се гледа дека овие лица се добро запознаени со следните чекори на Заев.

Лагите на Заев очигледно немаат крај. Секој ден тој се соочува со крахот на “бомбите“, а со своите контрадикторни изјави и лаги во кои беше фатен жив, се повеќе станува јасно зошто македонските граѓани немаат доверба во овој политичар.