Македонија

Заев снимен како му се заканува на Груевски со странски служби

Заев снимен како му се заканува на Груевски со странски служби

ТВ Сител во централниот Дневник објави видео снимка од еден од четирите разговори помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На снимката може да се види како лидерот на СДСМ во премиерскиот кабинет му се заканува на премиерот Никола Груевски со снимки кои ги изработиле странски служби, пренесува телевизијата.

Видео материјалите се достапни на сервисот youtube, а целиот материјал телевизијата ќе го објави во вечерните вести.