ВИДЕО: Заев вети задолжителен албански јазик во образованието

Воведување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта ветува лидерот на СДСМ Зоран Заев при гостувањето во емисијата „Jeta në Kosovë“ која се емитува на косовската телевизија РТК.1.

-Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.

Одговарајќи на прашањето на водителката каде е албанското знаме, мислејќи во просториите на партијата, Заев вели дека тоа ќе биде во партијата кога Албанците ќе го побараат.

-Албанското знаме ќе биде тука кога Албанците ќе го побараат тоа како членови на партијата. Ја знаете средината во која се организираше протестот? Ја видовте се надевам. Никој нема проблем, не само Заев, вели лидерот на СДСМ во интервјуто.