ВИДЕО: Загинаа спречувајќи бомбаш самоубиец да разнесе илјада луѓе

Четири лица загинаа кога исламски екстремист, преправен во жена се разнесе со бомба пред една џамија во Саудиска Арабија.

Него наводно го оддалечиле неговите роднини и со тоа спасиле повеќе од илјада лица, жртвувајќи ги своите животи.

Инцидентот се случил во петокот пред шиитската џамија во Дамам во Саудиска Арабија.

Во експлозијата настрадале четири лица, а бројни возила биле запалени.

Исламската држава ја презема одговорноста за нападот наведувајќи дека името на бомбашот е Абу Јандал ел Џизрави.