ВИДЕО: Заменик началникот на СВР Охрид и тројца други уапсени за трговија со луѓе и злоупотреба на положба

Тројца полициски службеници, меѓу кои и заменик началникот на СВР Охрид се приведени како дел од четириглена криминална група која илегално внесувале странски државјанки во земјава и ги незаконски ги вработувале во локални кафеани.

Министерството за внатрешни работи информира дека во денешната акција е продолжение на активностите од декември кога беа откриени 25 странски државјанки кои илегално работеле во тетовскиот локал „Бели 9“ за што беа уапсени пет лица.


Во денешната акција се проведени А.И. (35) поради организирање на група и поттикнување на извршување на трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти, А.Б. (33) за криумчарење мигранти, организирање на група и поттикнување на извршување на трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и злоупотреба на службената положба, за последново дело пријавени се и Н.Д. (30) и Б.Ч. (43).

„Пријавените делото го сториле на тој начин што, од страна на претходно пријавениот А.Г., со цел регулирање на престојот на албанската државјанка која нелегално работела во неговиот угостителски објект на подрачјето на Тетово, преку полицискиот службеник А.Б. кој работел на ГП Ќафасан, било организирано ставање на влезен печат на ПИ на албанската државјанка, без нејзино присуство. За истото, од страна на А.Г. биле ангажирани лицата З.С. и И.А. кои со возило оствариле излез преку ГП Ќафасан, а веднаш потоа оствариле и влез преку истиот граничен премин, при што на влез, покрај сопствените патни исправи, била приложена и ПИ на албанската државјанка, на која од страна на полицискиот службеник Н.Д., бил ставен влезен печат, иако истата не била на лице место. Од страна на А.Г., исто така била побарана “услуга“ од пријавениот А.Б., да изврши проверки во системот за гранична контрола на остварен влез-излез од Р.Македнија, за трето лице, со што А.Б. извршил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“, односно извршил пречекорување на границите на своето службено овластување“, се вели во соопштението од МВР.

Според МВР, Б.Ч. како заменик началник на СВР Охрид ја злоупотребил својата положба така што по барање на други лица правел проверки во регистарот на МВР за лица за кои има распишано потерници.

Четворицата приведени ќе бидат предадени на надлежните Јавни обвинителства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.