Свет

закана од голема еколошка катастрофа во кинеското море (ВИДЕО) Запалениот ирански танкер потонал

(ВИДЕО) Запалениот ирански танкер потонал

Иранскиот танкер кој една седмица гореше во Источното Кинеско Море а потоа носен од силниот ветер и високите бранови отплута во водите на јапонската ексклузивна економска зона потона, објави во неделата кинеската државна телевизија.

Иранските власти истовремено објавија дека е конечно позната судбината на морнарите на танкерот. Тие потврдија дека бродот е целосно потонат, а оти според расположливите докази се покажува дека сите членови на екипажот загинале многу брзо по судирот со другиот брод кога се случила силна експлозија.

Танкерот „Санчи“ на 6-ти јануари се судри со товарен брод регистриран во Хонгконг кој носел пченица до САД, во водите на Источното Кинеско Море 160 наутички милји источно од вливот на реката Јангце, и оттогаш гореше на морето, а околу пладнето по локално време „ненадејно букнал“ и потонал, јави кинеската телевизија.

Во саботата беше објавено дека кинески спасувачки тим пронашол две теле на иранскиот танкер кој сѐ уште гореши. Четворицата спасувачи носеле маски за дишење при доаѓањето на танкерот „Санчи“. Телата се пронајдени на палубата и бројот на лицата кои официјално се прогласени за мртви сега изнесува тројца. Преостанатите 29 членови на екипажот и натаму се водат како исчезнати.

Спасувачката екипа ја принашла „црната кутија“ на бродот. Спасувачите се обиделе да дојдат до кабините, но не можеле да продрат поради високата температура од околу 89 Целзиусови степени на танкерот во пламен.

Танкерот гореше веќе една седмица по сударот со друг брод минатата сабота вечерта во Источното Кинеско Море. Десетина кинески и јужнокорејски спасувачки бродови со денови се бореа со налетите на ветер, високи бранови и отровни гасови во настојувањата да спречат еколошка катастрофа и да ја утврдат судбината на исчезнатите морнари. Тринаесет бродови се вклучени во спасувачката операција и обидите со пена да се згасне пожарот.

Танкерот ѝ припаѓа на иранска компанија, а е регистриран во Панама. Се стравува дека бродот станува поранлив што подолго гори и дека може да експлодира и да потони. Горивото коешто ги превезува не е толку експлозивно, но е многу отровно за околината доколку се излие. Танкерот превезувал ултра лесен облик на нафта познат како кондензат кој е поопасен за природната околина од сировата нафта. На бродот имало 136.000 тони кондензат, што е еквивалент на милиони барели сирова нафта.