ВИДЕО: Заработиле 19 милиони денари шверцувајќи добиток од Македонија во Албанија

За речиси две години шверцери на добиток од Македонија во Албанија заработила повеќе од 19 милиони денари, открива Министерството за внатрешни работи кои синоќа уапси повеќе лица и направи претреси во продолжението на полициската акција „Милка“.

Криминалната група составена од македонските и албански државјани, според полицијата,функционирала уште од 2012 година. Тие прво купувале добиток од пазарите во Битола и прилепско Кривогаштани, го складирал, а откако ќе добиле „чист терен“ за шверц на добитокот преку македонско-албанската граница го пренесувале во Албанија. Шверцерите добитокот најчесто го пренесувале во регионот во близина на граничниот премин Стење.

„Добитокот го купувале од сточните пазари во Р.Македонија во Битола (вторник), во с.Кривогаштани – Прилеп (во среда), по што со товарни моторни возила го транспортирале до штала во Битола, сопственост на Ќ.И., а потоа во шталата во колективниот прифатен центар „Царина“ во с.Стење, Ресен. По ова истите откако ќе добиеле „одобрување“ од полицискиот службеник вработен на ГП Стење, дека на зелената линија на македонско албанската граница нема полициски патроли, добитокот го прокриумчарувале од Р.Македонија во Р.Албанија од каде бил превземан од членовите на криминалната група од Р.Албанија, транспортиран и продаван на пазарите во Тирана и други градови“, велат од МВР.

На ваков, начин групата, во која главни организатори биле албански државјани, успеал во изминативе две години да прокриучарат 296 грла жив добиток со просечна тежина од 300 килограми.

Полицијата поради овој криминал поднесе кривична пријава против 13 лица, десет македонски и тројца албански државјани.