ВИДЕО: Застрашувачка средба на сурфер со кит убиец

Сурферот Лук Реили доживеал вистински шок кога сфатил дека под неговата штица плива кит убиец..

Оваа застрашувачка средба траела цели пет минути. Китот кружел околу сурферот, бил подготвен за напад , но за среќа неизвесноста завршила така што китот одлучил да отплива понатаму.

– Полека ми се приближуваше и го закачи задниот дел на штицата, тогаш почнав да викам за да го избркам, изјави сурферот Реили.
Снимката  од неверојатната сцена е направена во близина на Северниот остров во Нов Зеленд.

Орка китот убиец важи за најинтелигентниот и најефикасниот убиец во природата.