ВИДЕО: Заврши заложничката драма во Истанбул, киднаперите застрелани

Заврши неколку часовната заложничка драма во судот во Истанбул. Полицијата успеа да го ослободи обвинителот Селим Кираз кој беше киднапиран од двајца припадници на партијата Револуционерно народно-ослободителен фронт. Киднаперите, пак, се застрелани.

Целата драма заврши откако вооружени специјалци упаднале во собата каде што во заложништво бил држен обвинителот, откако не успеале преговорите за негово ослободување.

Причина за киднапирањето е што Кираз бил обвинител во случајот со убиството на тинејџерот Беркин Елван за време на протестите за паркот Гези во 2013 година.

Ултралевичарската група на својата веб страница соопшти дека сака полицаецот за кој смета дека е одговорен јавно да го признае убиството на Елван, да им се суди на сите вмешани полицајци и да се отфрлат обвинувањата против учесниците на демонстрациите за настраданото момче.

Револуционерната партија е група која е пргласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД откако презеде одговорност за убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век.